Social Innovators Conference

Конференцијата Social Innovators за прв пат беше организирана во 2016 година.  Форматот на конференцијата е сличен како TEDx конференциите, каде говорниците во 10-15 минути ги презентираат своите лични приказни на полето на социјалните иновации.  Во 2016 година, на конференцијата беа присутни 8 различни говорници од различни земји (Германија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија). Говорниците буквално си ги отворија срцата на сцената, овозможувајќи на публиката да ѕирне во нивните лични и професионални животи.  Целодневниот настан беше збогатен со мал саем на социјалните бизниси кои постојат во Македонија, како и импакт штанд, каде посетителите можеа да учествуваат во различни интерактивни игри.

Што се случуваше на конференцијата во 2017 година?

- 8 извонредни говорници од различни земији од Европа

- саем на македонски социјални бизиси

- импакт штанд со различни интерактивни игри

- состанок на Global Social Entrepreneurship Network (GSEN)

- панел дискусија во која беа вклучени важни засегнати страни од регионот, како државниот секретар на Република Словенија - Тадеј Слапник и претседателката на GSEN - Кристина Тора

- објава на победниците на Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award 2017

- позитивни вибрации!


И зошто Social Innovators Conference? Важната улога која социјалните иновации ја имаат во развојот на една земја е надалеку позната. Но сепак, придобивките од истите не се еднакво дистрибуирани во светот.  Токму затоа, целта на оваа конференција е да ја подигне свеста и да ја разбуди дискусијата околу социјалните иновации, да им помогне на луѓето од Македонија и регионот да бидат носителите на промени во општеството, како и да  не поттикне сите  да наоѓаме креативни решенија за  предизвиците околу нас со помош на претприемништвото.

Се гледаме на Social Innovators Conference 2018!

 
 

Social

 
 

Телефон

(+389) 02 52 09 890

 
 

E-mail

impact.hub.skopje@gmail.com

 
 

Адреса

Варшавска,
6-A-1/22,
!000 Скопје