Награда за социјално претприемништво

Мисијата на Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award 2017 (СИА) е да им понуди на младите луѓе, студентите и студентките едно претприемничко патување кое може да направи општествена промена. Креирана од страна на Ерсте Фондацијата, Импат Хабот во Виена, како и Универзитетот за бизнис и економија, уште од 2009 година, Наградата промовира знаење имплементирање на социјалното претприемништво помеѓу младите во Европа.  Програмата ја исполнува својата мисија преку: подигнување на свесноста за социјалното претприемништво, спроведување на едукативна програма, овозможување на пристап до другите млади социјални претприемачи/ претприемачки и професионалци и директна поддршка на најдобрите тимови.

Слика 1: СИА компоненти, Извор: http://socialimpactaward.net/

Во 2016 година, 10 различни земји беа вклучени во програмата. Моментално, СИА семејството е составено од 18 различни земји лоцирани во Европа, Евроазија и МЕДА регионот. Најинтересната компонента е дека сите 6 земји од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) се сега дел од иницијативата. 

 

Слика 2:  СИА земји

Младиинфо Интернационал од 2015 година ја води Наградата за социјално претприемништво- Social Impact Award. Во 2016 и 2017 година, едукативните работилници беа спроведувани во периодот февруари- април  во неколку града низ државата: Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп и Штип. Учесниците на работилниците имаа можност да ја научат што претставува социјалното претприемништво, да почнат да развиваат идеи за општествени бизниси, да се запознаат со специфични бизнис модели и да почнат да работат на развивање на своите идеи.  Во текот на летото во месеците јуни- август во 2016 година во рамки на програмата имаше пред- акцелерациски тренинг и индивидуални менторски часови за сите 12 финалисти. Во 2017 година инкубацијата ќе се одвива во истиот период. Фондот на награди и во 2016 и во 2017 година изнесува 6000 евра, обезбедени од Шпаркасе банка, дополнителна менторска поддршка обезбедена од Конто- Профит и патување на СИА интернационалниот самит. Од 2015 година наваму, во рамки на програмата спроведени се 25 едукативни сесии, посетени од 500 млади луѓе. Во 2015 и 2016 година имаше 22 различни тимови, кои влегоа во финалето, од кои 8 излегоа како победници. Во истиот период, повеќе од 5000 млади луѓе беа вклучени во „гласањето на заедницата“, преку давање на својот он- лајн глас за омиленото видео од нашите финалисти. Успехот на програмата го постигнуваме преку: 1. Постојана соработка со медиумите  и активност на социјалните мрежи и медиуми (во периодот 2015-16 беа генерирани над 50 вести врзани со СИА) 2. Финансиско партнерство со Шпаркасе Банка, Пакомак, Конто- профит 3. Институционалното покровителство на Фондот за иновации и технолошки развој 4. Поддршка од најголемите универзитети во земјата, младински и студентски организации, останати јавни институции и бизнис секторот. 

Слика 3: СИА временска рамка

И зошто Наградата за социјално претприемништво- Social Impact Award?  Ние веруваме дека претприемништвото е идеален начин да младите и студентите ги покажат своите потенцијали и да ги изградат своите идни кариери. Патот во креирање на социјално претпријатие им помага на младите и студентите полесно да се поврзат со своите аспирации за подобро општество и да ја покажат својата креативност. Овој процес ги поттикнува младите да заземат улога на активен граѓанин,  да се поврзат полесно со својата локална реалност и да изнајдат соодветни решенија за сите општествени промени. Приклучувајќи се на ова патување, младите и студентите се здобиваат со искуства кои можат да им го сменат животот, преку користење на различни алатки, концепти, практики, тимска работа и најважно од се стекнувањето на вештини за создавање на позитивен импакт.     

 
 

Social

 
 

Телефон

(+389) 02 52 09 890

 
 

E-mail

impact.hub.skopje@gmail.com

 
 

Адреса

Варшавска,
6-A-1/22,
!000 Скопје