Social Impact Lab вработува Проектен Асистент со полно работно време

Social Impact Lab

Решавањето на глобалните проблеми, создавањето импакт и  општествено влијание се носечките постулати на нашиот Social Impact Lab. Ние создаваме простор за младите луѓе, потенцијалните социјални претприемачи и стартапите да работат на креирање на нивните идни компании и да го доразвијат својот потенцијал. Моментално ние работиме во Скопје, Македонија и се обидуваме да го зајакнеме и да го промениме моменталниот еко систем на социјалното претприемништво во земјата. За да го постигнеме ова, нашата Social Impact Lab работи на повеќе програми и проекти насочени кон зајакнување на социјалното претприемништво и унапредување на соработката помеѓу најважните чинители во системот.

Во моментов, заради ширење на тимот имаме потреба од:

ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Основни одговорности:

-          Организација и спроведување на активностите поврзани со Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award (подготовка на настани за отворање на програмата, организација и спроведување на едукативни работилници во 6 различни градови во Македонија, подготвување на настаните за запознавање со жирито и финалистите, подготовка на летна инкубација на финалисти, подготовка на Гласањето на заедницата, подготовка на настанот за презентација на идеи и подготовка на завршната церемонија);

-          Активно учество на настаните поврзани со Наградата за социјално претприемништво –Social impact Award (Тренинг за тренери, интернационален ритрит и интернационален самит);

-          Одржување на веб страните на програмите и проектите на Social Impact Lab, како и одржување  на социјалните медиуми и мрежи на истите;

-          Учество во организирање на Social Innovators Conference 2018;

-          Логистичка поддршка и помош при имплементација на останатите програми на Social Impact Lab (Investment Ready Program,  Raw and Grow, акселераторската програма)  и

-          Подготовка на извештаи.

Секојдневни работни активности:

-          Континуирана комуникација со партнери, поддржувачи, потенцијални апликанти, финалисти и победници во рамки на Наградата да социјално претприемништво – Social Impact Award, Social Innovators Conference и останатите програми (праќање електронски пораки и телефонска комуникација за обезбедување на непречен тек на активностите);

-          Изнаоѓање содржни за веб страните и социјалните медиуми на Social Impact Lab и нивно објавување;

-          Активна комуникација со медиуми во однос на прогресот на програмите на Social Impact Lab;

-          Грижа за прокетната документација;

-          Учество во внатрешните средби и состаноци на тимот на Social Impact Lab;

-          Постојана комуникација со членовите на тимот на Social Impact Lab и

-          Учество на обуки, работилници, настани  и слично ораганизирани од страна на партнерите на Social Impact Lab.

Потребно образование и искуство:

-          Најмалку завршено средно образование (пожелно високо образование во области поврзани со социјалното претприемништво);

-          Базично познавање од областа на социјалното претприемништво и

-          Активно учество во граѓански организации и неформални иницијативи и/или искуство во бизнис секторот.

Вештини:

-          Способност за работа во динамична средина;

-          Презентациски вештини;

-          Одлични вештини во комуникација;

-          Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите и

-          Одлично познавање на англиски јазик.

Нашиот тим нуди стимулуативна средина, подгодна за личен и професионален развој, независно од:  полот, родот, расата, етничното потекло,  јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, попреченост, личен, општествен и имотен статус, сексуалната ориентација и сл.

Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати и кандидатки да ги испратат своите куси биографии на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  најдоцна до 17.11.2017г. (петок), 23:59ч. Само кандидатите и кандидатките кои ќе влезат во потесиот круг ќе бидат контактирани и повикани на разговор.

За секое дополнително прашање, обратете се на горенаведената електронска адреса.

Ве оќекуваме со Вашите апликации.

 

 

 

 
 

Social

 
 

Телефон

(+389) 02 52 09 890

 
 

E-mail

impact.hub.skopje@gmail.com

 
 

Адреса

Варшавска,
6-A-1/22,
!000 Скопје