Повик за учество во акселераторска програма за социјални претпријатија во Скопје и Виена

Социјалните претпријатија во рамките на акселераторската програма ќе имаат можност да ги следат следните фази:

Фаза 1: Бизнис дизајн

  • 5 неделен тренинг
  • 2 настани неделно (17.00-19.00 часот)

Фаза 2: Менторирање

  • 4-неделна индивидуална менторска поддршка

Фаза 3: Развој на комуникациски вештини

  • 4 неделен тренинг
  • Подготовка за презентација пред потенцијални инвеститори

Фаза 4: Investment Ready Program –  Оваа фаза опфаќа менторирање и подобрување на капацитетите на социјалните претпријатија  користејќи ги менторите од мрежата на Impact Hub Vienna, во времетраење од 4 до 6 месеци, со неколку посети во Виена. Модулите во рамките на оваа програма, учесниците ќе ги следат во Impact Hub Vienna. Влезот во оваа програма се обезбедува преку учество на Warm-up Day, организиран во Скопје.

Акселераторската програма во целост е бесплатна за учесниците. Трошоци за транспорт и сместување за учеснцици кои доаѓаат надвор од Скопје се во целост покриени од организаторите.  Програмата започнува на 10ти Ноември 2017 и сите заинтересирани социјални претпријатија потребно е да ја пополнат апликацијата на следниот линк.

Краен рок за аплицирање е 5ти Ноември  2017 година.

За повеќе информации обратете се на следниов мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 
 

Social

 
 

Телефон

(+389) 02 52 09 890

 
 

E-mail

impact.hub.skopje@gmail.com

 
 

Адреса

Варшавска,
6-A-1/22,
!000 Скопје