Social Innovator Conference

Social Impact Lab и Public, на 2-ри Октомври 2017 година, втора година по ред, ќе го организираат второто издание на конференцијата Social Innovators, со цел да се подигне свеста и да се инспирираат дискусии околу темата на социјални иновации, а со тоа да се покаже поддршка и да се поттикнат луѓето од Македонија и регионот да направат промена преку претприемништвo, и да се вклучат во решавањето на различни општествени проблеми. Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да ги слушнат инспиративните приказни на социјалните иноватори од различни Европски земји, кои ќе ги раскажат своите животни и бизнис приказни. Минатата година, присутните имаа можност да слушнат приказни за тоа како е да се живее со бездомници, како една личност се инспирира да создаде органски пелени и зошто да се отвара музеј исполнет со предмети кои датираат од воените времиња, меѓу другите. Оваа година, со добиеното драгоцено искуство од минатогодишната Конференција, на учесниците ќе им биде овозможено да слушнат уште поиновативни и покорисни приказни и да бидат дел од интересни дискусии, кои може да се докажаат како прв чекор кон развивање на влијателни идеи и нивно oживење во иднина.

 
 

Social

 
 

Телефон

(+389) 02 52 09 890

 
 

E-mail

impact.hub.skopje@gmail.com

 
 

Адреса

Варшавска,
6-A-1/22,
!000 Скопје